Зголеменото мнозинство од 65 пратеници ги избра министрите, Мицкоски доживеа нов пораз, велат од СДСМ

by Fokus

Нов дебакл доживеа заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски. Паднаа во вода сите негови лаги за ново парламентарно мнозинство, за распуштање на Собранието кон крајот на месец февруари и предвремени парламентарни избори во мај, соопштија од владејачката СДСМ по синиќешниот избор на четири нови министри во Владата.

„Синоќа, на 27февруари, новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници ‘за’ и без ниту еден глас ‘против’, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство. Десет дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преку долги и бесмислени дебати, каде зборуваа за се освен за она што е тема, се обидуваа да го пролонгираат изборот на новите министри.

Десет дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа изборот на министри и со тоа ја опструираа работата на одредени министерства, на штета на граѓаните, за на крајот, како и многу пати досега, кога дојде време за гласање, тие не смогнаа сили ниту да гласаат против предлозите кои толку многу ги критикуваа“, велат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека зголеменото парламентарно мнозинство е „нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги дека Собранието само што не се распуштило“.

СДСМ преку зајакнатото парламентарно мнозинство продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости