Зголемен сообраќајот во Атина на првиот ден од строгите рестрикции

by Fokus 10:37
10:37

Во текот на вчерашниот ден, прв од строгиот карантин воведен во областа Атика, поширокиот регион на Атина, имало од 50 до 100 отсто поголем сообраќај, споредбено со првиот ден од рестрикциите, од речиси идентичен вид, во март минатата година за време на првиот бран од пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Периферијата Атика и Центарот за управување со сообраќај на одредени булевари сообраќајот бил и за над 100 проценти поголем споредбено со претходниот карантин.

- Advertisements -

На три од најфреквентните сообраќајници во Атина, сообраќајот бил од 87,9 до 109,6 проценти поголем од оној на 23 март 2020 година, кога за првпат се воведе карантин во Грција.

– Тековните проценти регистрирани од Центарот за управување со сообраќај на периферијата Атика се импресивни и предизвикуваат загриженост, бидејќи ги споредуваме податоците за сообраќајот за време на два карантини од приближно ист тип, вели префектот на периферијата Атика, Јоргос Патулис.

Поврзани новости