Кривична пријава за крадец од Штип, расчистени четири кривични дела

by Fokus 10:48
10:48

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“, две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Пријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 19.01. до 06.02.2021 на подрачјето на Штип, насилно влегувајќи во куќи и патнички возила, од каде одзел најразлични предмети.

- Advertisements -

Инаку, во текот на 2020 година од страна на СВР Штип до ОЈО Штип, против А.М. се поднесени 9 кривични пријави за кривично дело „тешка кражба“ и една кривична пријава за кривично дело „кражба“.
Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор.

Поврзани новости