527
Во штипскиот ковид центар се зголемува бројот на прегледи во дневната амбуланта, за 24 часа лекарите имале 50 прегледи, а под болнички третман се вкупно 54 пациенти од целиот источен регион. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во здравствениот извештај наведува дека во модуларната болница се лекуваат 44, а 10 пациенти се во Кожното одделение.
-Имаме починато една пациенка од Штип, на возраст од 78 години, а на кислородна поддршка се 28 пациенти, вели Шуманска.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека финишира и постапката за поставување на централен довод за кислород во Инфективното одделение, кое се реконструира со европски пари.