804
Во Струмица во изминатото деноноќие се регистрирани 11 нови случаи на заболени од Ковид-19, на возраст од 15 до 69 години, извести Центарот за јавно здравје Струмица.
Според директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов, станува збор за заболени од различни кластери.
-Ги преземаме сите мерки да ги откриеме контактите на заболените, правиме епидемиолошка анкета и ги мапираме контактите. Се работи за заболени од различни кластери и во најголем дел сите потекнуваат од градот Срумица. Очекувам во текот на денот Комисијата за заразни болести да заземе став за да може да преземем мерки по рекордниот број на заболени во Струмица, рече Витанов.