Земјотресот во Хрватска предизвика штета од над 400 милиони евра

by fokus

Над 400 милиони евра е првичната штета предизвикана по земјотресот во Хрватска, а оштетени се речиси 9.000 објекти.

Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи. Голем број граѓани денови и ноќи и понатаму минуваат на отворено на ниските температури.

Црвениот крст соопшти дека преку нивната банкарска сметка за помош досега се донирани над 4,7 милиони евра.

Се поставуваат мобилни и камп-куќички, како и контејнери, за кои и понатаму постои огромна потреба.

Поврзани новости