70
Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на 8 мај „Вреди“ да победи, а ДУИ да отиде во опозиција.
Според него, со оглед на масовното учество на граѓаните на изборите земјотресот почнал.
-Ние како Влен сме пресреќни дека добивме гласови, генерално од Албанците.Промените се во кутиите кои полека се отвораат. Гласот на граѓанинот не треба да се злоупотребува никако. Се надевам дека на 8 мај Влен ќе победи и ќе дојде долгоочекуваната промена, ДУИ да отиде во опозиција, рече Таравари.