546
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја потресе Иркутската област во Русија.
Според првичните информации, засега нема причинети штети во потресот чиј епицентар се наоѓал десет километри под дното на Бајкалското Езеро.