Казнети 130 возачи за брзо возење

by fokus

Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера санкционираше 130 возачи.

Од нив девет управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Поврзани новости