Земјотрес во Македонија, епицентарот кај Кичево

by Fokus

Претпладнево во 11.34 часот е регистриран земјотрес на територијата на Македонија. Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е лоциран на осум километри од Кичево, на длабочина од два километри.

Земјотресот бил со јачина од 3 степени по Рихтер. Оваа седмица во Македонија беа почувствувани повеќе земјотреси, и тоа во западниот дел. Лани во ноември исто така имаше умерени земјотреси во западна Македонија.

Поврзани новости