Музичарите: Со угостителите сме најзагрозени, да не вклучат во петтиот пакет мерки за финансиска помош!

by Fokus

Музичарите што членуваат во шесте здруженија од целата земја синоќа одржаа состанок во Охрид, при што потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните орани и институции.

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза, со барање за нивно вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка.

-Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош, стои во соопштението издадено после состанокот.

На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи.

Поврзани новости