Земјотрес од три степени во Охрид

by fokus

Во 16.02 часот регистриран е земјотрес во Охрид, кој според првичните информации, бил со јачина од 3 степени. Епицентарот се наоѓал на 8 километри оддалеченост од Косел, на длабочина од 2 километри.

Претходно, во текот на денот беа регистрирани два помали земјотреси со јачина од 2.2 степени и тоа во 5.53 часот и 11.22 часот.

Поврзани новости