176
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја здрма Грција три минути пред полноќ.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил лоциран во областа на Пелопонез, северно од градот Триполи.
Потресот е почувствуван на пошироко подрачје, на длабочината од 28,6 километри.
Иако земјотресот предизвика паника меѓу локалното население, првичните информации се дека нема штети.
„Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби остануваат на терен и будно ја следат ситуацијата“, соопштија грчките власти.