77
Силен земјотрес ја погоди густо населената област на Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.
Институтот извести за земјотресот околу 10 часот по локално време со прелиминарна јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Како што јавува АП, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Либан во државата Њу Џерси. Податоците на Институтот покажуваат дека земјотресот можеле да го почувствуваат повеќе од 42 милиони луѓе.