Мицкоски: Пендаровски ја зароби канцеларијата претседател, да му помогнеме да се исели

by Фокус

Ќе зборуваме за тема која што е исклучително актуелна во периодот кој што следи, бираме иднина. Бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг од Вевчани.

Мицкоски додаде дека неговото главно прашање до вевчанци е дали се подготвени да ја направат Македонија горда повторно.

-Ако сме подготвени Македонија да ја направиме горда повторно, тогаш изборот е јасен, а тоа е Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија – порача Мицкоски.

Тој потсети дека пред седум години актуелната власт патуваше низ градовите низ Македонија и ветуваа на граѓаните дека ќе донеле живот.

-Но тие донесоа само корупција, криминал, сиромаштија, неправда. А нивниот пиун Стево Пендаровски ја зароби канцеларијата на претседател на Македонија. Во Македонија има живот за малкумина, а тоа е само за оние кои што ја заробија државата – рече Мицкоски.

Ајде да му помогнеме да се исели Пендаровски од Македонија и да не и се повтори на Македонија таков срам во иднина, порача тој.

-А, од другата страна имаме жена титан, жена која што не молчеше кога другите молчеа. Жена која што во својата професионална кариера ја бранеше Македонија насекаде во Европа и во светот. Жена која што беше визитинг професор и ментор на најпрестижните американски и канадски универзитети. Жена која што во Советот на Европа беше експерт по политики на локално ниво, експерт по уставно право и политички систем. Жена која што кога беше член во Венецијанската комисија ги подучуваше членовите во Венецијанската комисија кои што доаѓаат од другите европски земји – рече тој.

Поврзани новости