Земјоделците кои денеска протестираат во Скопје се заканија – ако во рок од 24 часа не бидат примени од министерот за земјоделство Михаил Цветков, и ако не се сретнат со министерот за финансии Кирил Миновски во врска со исплатата на субвенциите ќе го блокираат целиот град.
Тие бараат средба и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков, а ако не се случи тоа за едно деноноќие ќе почнат со блокирање на Скопје со сета механизација со која располагаат.
Протестот е предизвикан поради неисплаќањето на субвенциите и тоа во подолг период. Некои земјоделци тврдат дека не зеле субвенции дури од 2012 година.
Денеска од 12 до 13 часот земјоделците од цела Македонија ги блокираат патните правци Кочани-Штип, Градско-Прилеп, Прилеп- Битола и Радовиш-Струмица.