552
Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор.
– Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани по состанокот.
Наместо тоа, земјите се обврзаа само на претходната цел на Парискиот договор да го задржат глобалното затоплување далеку под два степена и да продолжат со напорите за негово намалување на 1,5 степени, се наведува во декларацијата.
Земјата веќе се загреа за околу 1,2 степени во споредба со прединдустриските времиња, со фатални последици од климата. Во зависност од регионот, се забележуваат посериозни настани поврзани со климата, вклучително жештина, суша, обилни дождови, бури и поплави.