Бранковски настапи на Олимписките игри

by fokus

Репрезентативецот во спортско стрелаштво Борјан Бранковски е првиот македонски олимпиец, кој настапи на Игрите во Токио учествувајќи утрово во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Бранковски не успеа да обезбеди пласман во финалната серија, завршувајќи ги квалификациите на 21 место со 573 погодени кругови (94, 93, 98, 95, 96, 97) во конкуренција на 36 натпреварувачи.

Финалната серија во која пласман обезбедија првите осумпласирани стрелци е подоцна денеска. 

Поврзани новости