Земан го назначи новиот чешки премиер преку плексиглас кабина

by fokus

Чешкиот претседател Милош Земан е позитивен на корона вирус и поради тоа церемонијата за назначување на нов премиер ја водеше од посебна кабина направена од плексиглас. Тој на денешната церемонија го назначи лидерот на централнодесничарската алијанса Петр Фиала за премиер.

Новата влада ќе мора да се справи со новиот бран на инфекции со коронавирус кој се заканува да ги совлада болниците, како и со енергетската криза, по колапсот на голем снабдувач на електрична енергија.

Земан, кој на церемонијата дојде во инвалидска количка придружуван од лекар во целосна заштитна опрема, се зарази со корона вирусот по шестнеделен престој во болница поради друга неповрзана болест.

 

Поврзани новости