Зеленски жали за повлекувањето на Џонсон

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е убеден дека британската политика кон Украина нема да се промени во блиска иднина и покрај оставката на Борис Џонсон.

-Џонсон беше вистински пријател на Украина – рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Украина доби многу од таквиот однос со него, мислејќи првенствено на воената поддршка.

Зеленски изрази надеж дека директно ќе разговара со Џонсон за да дознае повеќе детали за неговата оставка.

Поврзани новости