Зеленски воведе санкции против претседателот на Сирија

by Fokus

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски потпиша указ со кој се одобрува предлогот на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции против 141 правно лице и 300 физички лица, вклучително и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки, објави Киев Индепендент.

Санкции се воведени и против сирискиот премиер Хусеин Арнус и министерот за надворешни работи на земјата, Фајсал Мекдад.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, ограничување на трговското работење и суспензија на економските и финансиските обврски.

Украина ги прекина дипломатските односи со Сирија во јуни минатата година, откако Дамаск ги призна областите окупирани од Русија во источна Украина како независни држави.

Поврзани новости