Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети регионот Запорожје и се сретна со силите на фронтот кај Бахмут.
Тој потоа разговараше со официјалните лица и жителите на Херсон.
Според Ројтерс, тој објави видео на Telegram на кое се гледа како доделува медали на украинските војници.
„Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашата армија. Благодарен сум на секој наш воин што ја бранеше Украина, нашиот суверенитет, нашите градови и нашите деца. Сигурно ќе победиме“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој се сретна и со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во близина на нуклеарната централа Запорожје.
После тоа Гроси на Твитер напиша дека двајцата имале „богата размена“ за заштитата на електраната и нејзиниот персонал.