Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети позициите на фронтот кај Бахмут за време на посетата на регионот Доњецк, пишува Украинска Правда.
– Регионот Доњецк. Бојното поле кај Бахмут. Чест ми е што сум овде денес да ги наградиме нашите херои, да им подадам рака и да им се заблагодарам што ја бранеа нашата независност. Слава на сите кои се борат за Украина – напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.
Together with President @ZelenskyyUa and the team visited Bakhmut frontline today. It is a great honor for me to be here, next to our heroic warriors 🇺🇦.
The President awarded military. Briefed of the current situation. Bakhmut is standing. Defense forces hold the city. pic.twitter.com/38yN3GWTWJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 22, 2023
Русите во последните месеци постојано најавуваат дека Бахмут ќе падне, но…
Инаку, пред војната, Бахмут имал околу 70.000 жители и не бил ниту меѓу 50-те најголеми украински градови според бројот на жители.
Блискиот Соледар, кој Русите успеаја да го освојат по неколкумесечна војна, што го претставија како колосален успех еднаков на освојувањето на Киев, не беше ниту меѓу 300-те најголеми украински градови по население.
И некаде во времето кога Зеленски беше во посета на украинската армија кај Бахмут, Русите извршија напад врз регионот Запорожје. Била погодена станбена зграда, а моментот на ударот бил снимен од надзорните камери.