180
Денешното убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, истакната личност во политичкиот живот на земјата, били внимателно испланирано, тврди украинскиот претседателот Володимир Зеленски.
„За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен извештај до граѓаните, додавајќи дека „се прави сè за да се реши злосторството“.
Поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, водечка личност на проевропската револуција Мајдан во 2014 година, беше убиен денес на западот од земјата, објавија украинските власти, додавајќи дека напаѓачот се бара.
Околностите и причините за атентатот засега се непознати.