Зеленски: Треба да се зголеми притисокот врз Русија

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „координирал“ со новата британска премиерка Лиз Трас за „зголемување на притисокот“ врз Русија да ја запре инвазијата.

„Целта е да се запре нападот и да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека тој е првиот странски лидер кој разговарал со Трас откако нејзината нова позиција била официјално потврдена.

Поврзани новости