439
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој формално прогласува за „невозможни“ какви било преговори со рускиот претседател Владимир Путин, но ја остава вратата отворена за преговори со Русија.
„Тој (Путин) не знае што е достоинство и чесност. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг руски претседател“, рече Зеленски во петокот.
Инаку, украинските сили ја пробија руската одбрана на југот на земјата и ја проширија брзата офанзива на исток, заземајќи територии во областите анектирани од Русија.