332
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски смета дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Украина со предизвикување хаос во земјата.
Тој во изјава за „Блумберг“ рече дека е загрижен за внатрешната стабилност и безбедност на Украина, во околностите на актуелниот конфликт со Русија.
Според него, Русија подготвува операција наречена „Мајдан 3“, со цел да предизвика државен удар во Украина.
„Нашата разузнавачка служба има такви информации, кои дојдоа и од нашите партнери“, рече Зеленски.