Здравствени работници со барање за повисоки плати, ќе протестираат пред МЗ и пред Влада

by Fokus

Здравствените работници бараат средба со министерот за здравство, Фатмир Меџити за да му ги соопштат проблемите, но доколку тоа не се случи најавуваат мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство, а на 2 декември протестен марш до Владата.

Денеска дел од здравствените работници изразија незадоволство поради состојбите во здравството.

„Бараме зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, како и за јавната администрација во медицинските установи и за техничкиот персонал. Бараме и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство“ – заклучи д-р Ѓорески.

Според него, им пречат повеќе работи во сегашниот колективен договор.

Потенцираше и дека многумина работат во здравството и по десет години со нерешен работен статус.

Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и недостасува кадар, на штета на пациентите.

Поврзани новости