444
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ја поканил Индија да се приклучи на украинската мировна формула за време на разговорите со индискиот премиер Нарендра Моди, кој досега не ја осудил руската инвазија на Украина.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Јапонија, објави Ројтерс.
Зеленски на Телеграм изјави дека со Моди разговарал и за потребите на Украина за деминирање и мобилни болници.
Ова беше нивна прва тет-а-тет средба од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година.