Коста целосно изолиран, нема пристап до телефон и телевизија

by fokus

Момчето убиец кое на 3 мај уби 9 ученици и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се уште е на специјален третман во белградската Клиника. Тој нема пристап до телефон, лаптоп, весник, радио или телевизија, дознава „Блиц“. Овие мерки се преземени за момчето убиец да биде целосно изолирано и да се обезбеди потребниот простор за психолошка анализа.

Отуѓувањето од надворешниот свет е неопходно и бидејќи момчето убиец во неколку наврати се интересираше како е претставен во медиумите и изрази уверување дека тој е „популарен“.

-Нема молба, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат, изјави претходно извор на „Блиц“.

Поврзани новости