Зеленски се сретна со Ердоган: Помошта од Турција е важна

by Фокус

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која првенствено изрази благодарност до Турција за сигурната поддршка на неговата земја.

-И двете наши земји, целиот регион и глобалната безбедност на храна бараат безусловна безбедност на пловидбата во Црното Море. Тоа можеме да го постигнеме со заедничка работа. Заинтересирани сме за зајакнување на билатералната соработка и со турските одбранбени компании – рече Зеленски.

Тој, исто така, додава дека им е потребна помош од Турција за ослободување на нивните воени заробеници и сите луѓе, вклучително и кримските Татари кои Русија ги држи во заробеништво.

Поврзани новости