Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање до сонародниците ноќеска истакна дека вчерашниот ден бил плоден меѓународен ден за неговата земја и за украинската одбрана.
-Се одржа уште еден, веќе десетти, состанок во формат Рамштајн. Се разговараше за муниција за нашите војници, артилерија, тенкови, заштита на украинското небо. Постои решение. Ова е особено важно сега – кога се чувствува дека руската агресија се приближува до моментот кога може да пукне – рече Зеленски.
Како што рече тој, не постои терорист кој би можел да го изгради својот потенцијал во конфронтација со слободниот свет.
-Русија не е исклучок. Мора постојано да го зголемуваме притисокот врз теророт. Притисок во нашата одбрана, во санкции против Русија, во уништување начини за заобиколување на санкциите на руската држава и нејзините компании, во политички и правни притисоци – порача Зеленски.