Зеленски: Руски сателити три дена снимаа американска база пред Иран да ја нападне

by vlatko 21:04
21:04

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на украинско разузнавање, изјави за NBC News дека Русија ја снимала американска воена база во Саудиска Арабија неколку дена пред Иран да ја нападне, притоа ранувајќи американски војници и соборувајќи американски авиони.

Зборувајќи во Катар, тој рече дека е „100 проценти“ сигурен дека Москва споделува такви информации со Иран за да помогне во таргетирањето на американските сили на Блискиот Исток.

-Мислам дека е во интерес на Русија да му помогне на Иран. И знам дека тие споделуваат информации. Дали му помагаат на Иран? Секако – нагласи тој.

Зеленски презентираше резиме на дневниот извештај што го добил од украинските разузнавачки служби, според кој руски сателити ја снимале воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија на 20, 23 и 25 март.

Еден ден подоцна, на 26 март, Иран нападна база каде што се стационирани американски и саудиски сили.

Неколку американски војници беа ранети во нападот, но повредите не беа опасни по живот, потврдија двајца американски претставници.

Зеленски рече дека, според украинското искуство, постојаното снимање на истата локација укажува на подготовка за напад.

Слични вести