Официјален Пакистан соопшти дека наскоро ќе биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран, иако се уште нема официјална потврда од Вашингтон или Техеран.
-Пакистан е многу среќен што и Иран и САД изразија доверба во посредништвото на Пакистан, рече министерот за надворешни работи Мохамед Ишак Дар во телевизиско обраќање по состанокот на високи дипломати од Турција, Египет и Саудиска Арабија во Исламабад.
Дар изјави дека разговорите ќе се одржат во „следните денови“.
Дар информира дека министрите ги поддржале мировните напори на Пакистан и се очекува повторно да се сретнат во понеделник за да разговараат за прекинување на повеќемесечната војна.
Пакистан се наметна како посредник благодарение на релативно добрите односи и со Вашингтон и со Техеран.
Пакистанските власти соопштија дека нивните јавни напори дојдоа по неколку недели тивка дипломатија, но дадоа малку детали.
Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, ги отфрли разговорите во Пакистан како „маска“ откако околу 2.500 американски маринци обучени за амфибиски слетувања пристигнаа на Блискиот Исток.
Тој изјави дека иранските сили „чекаат пристигнување на американски трупи на терен за да ги запалат и да ги казнат своите регионални партнери засекогаш“.