(ВИДЕО) Зетот на Трамп: Путин е политички велемајстор, тој е историска личност!

by irena 22:03
22:03

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите главни преговарачи за ставање крај на војната во Украина, го нарече рускиот претседател Владимир Путин историска личност и велемајстор во политиката.

Во интервјуто објавено денес, тој изјави дека Путин досега покажал воздржаност и дека ја уверил американската страна оти нема намера да користи нуклеарно оружје.

Кушнер гостуваше во подкастот „MD Meets“, чиј домаќин е Матијас Депфнер, извршен директор на германската медиумска групација „Аксел Шпрингер“ (Axel Springer).

Тој зборуваше за своите средби со Путин, за напредокот на преговорите за завршување на војната и за опасноста конфликтот да се прошири надвор од границите на Украина.

„Претседателот Путин е многу организиран. На луѓето можеби им се допаѓа или не она што тој го направил, но тој дефинитивно е политички велемајстор. Тој е историска личност“, рече Кушнер.

„Тој е секогаш многу, многу добро подготвен. Многу е промислен. Додека разговараме, тој често си запишува работи“, додаде тој.

Според Кушнер, Путин многу добро ги разбира прашањата за кои се преговара и има цврсти ставови за нив.

Зетот на Трамп откри дека за разговорите со рускиот претседател се подготвува со помош на разузнавачи, дипломати и воени претставници, како и дека е во постојан контакт со советниците на Путин.

На прашањето дали Путин навистина сака мир, Кушнер одговори:

„Да, мислам дека тој зборува за мир, но прашањето е секогаш – под кои услови“.

Кушнер и Стив Виткоф, кои ги предводат американските напори за ставање крај на војната во Украина, по неколкучасовни разговори со Путин заклучија дека прашањето за териториите моментално е во еден вид ќорсокак.

Слични вести