Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион.
Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ или целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини.
Патниците биле известени во текот на летот за блиската средба со дронот, додека во воздух биле подигнати хеликоптери со цел да се провери ситуацијата и да се обезбеди воздушниот простор.
Претседателскиот авион безбедно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и операциите на аеродромот продолжиле без дополнителни нарушувања. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.
Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде и претходно имало безбедносни инциденти, вклучително и вооружен упад во близина на комплексот.