766
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил претседателот Џо Бајден во телефонски разговор да не воведува санкции за рускиот олигарх Роман Абрамович бидејќи може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит џурнал“.
Белата куќа го уверила Министерството за финансии да не продолжи со плановите за воведување санкции кон Абрамович, велат извори запознаени со ситуацијата.
Истите извори наведуваат дека Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович. Белата куќа не ја коментира ситуацијата, ниту Министерството за финансии.