505
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руските ракетни напади врз Украина биле порака дека не е во интерес на Москва да се стави крај на војната.
Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека биле лансирани вкупно 90 проектили кои ја оштетиле енергетската инфраструктура, како и комерцијалните и станбените згради.
-А кога се случи тоа? Штом заврши првиот ден од самитот на Г20 во Индонезија, рече тој, подоцна нарекувајќи го настанот „Г19“.
На Русија и се зборува за мир, но таа истрелува проектили како одговор. Се зборува за глобални кризи предизвикани од Русија, а како одговор лансира ирански беспилотни летала. Им се нудат десет опции за завршување на војната, а таа истрела десетици проектили, додаде тој.