Зеленски: Нашите сили го уништуваат непријателот на исток и југ, физички ја чистат земјата

by Fokus

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили ги уништуваат руските сили во источните и јужните делови на земјата.

„Во овој момент нашите војници на југ и на исток активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака.

„Одбраната од теророт значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш нема да има можност да и донесе зло на Украина“ рече тој.

Зборувајќи за конференцијата што ќе се одржи во Лондон за повоено закрепнување, Зеленски рече дека обновата на Украина е „гаранција за безбедност“ и „средство за заштита од секое повторување на руската агресија“.

Поврзани новости