Зеленски: Најмалку шестмина загинати во масивен руски напад со дронови врз Украина

by irena 20:31
20:31

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија извршила еден од најдолгите и најголемите напади од почетокот на војната, лансирајќи најмалку 800 беспилотни летала низ целата земја.

Како што додаде, шест лица загинале во нападите, додека десетици луѓе биле повредени во неколку украински региони.

„Секако не може да се нарече случајност што еден од најдолгите масовни руски напади врз Украина се случува токму во времето кога американскиот претседател пристигна во посета на Кина, од која се очекува многу. Во овој тежок геополитички момент, Русија очигледно се обидува да ја наруши целата политичка атмосфера и да го привлече вниманието кон своето зло“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Според него, во текот на целиот ден, Русите започнале „бранови на мачеништво“, особено насочени кон регионите најблиску до границите на земјите од НАТО, пренесува Танјуг.

Рече дека досега десетици луѓе, вклучувајќи деца, се повредени, додека шест лица загинаа во нападите.

„Најмалку 800 руски беспилотни летала се лансирани од полноќ, а нападот сè уште е во тек, со дополнителни беспилотни летала кои влегоа во воздушниот простор на нашата земја“, рече Зеленски.

Тој истакна дека целта на Русија е да ги преоптовари системите за воздушна одбрана и да предизвика „што е можно повеќе тага и болка“ кај украинскиот народ.

„Важно е вистинските намери на Русија да им се објаснат на лидерите и земјите. Важно е да се изврши притисок врз рускиот агресор за да се стави крај на овој терор“, рече Зеленски.

Слични вести