Зеленски: Киев е подготвен да остане гарант за светската прехранбена безбедност

by Fokus

Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговорот со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на договорот за жито, напиша Зеленски на Твитер.

Руската армија денеска претходно соопшти дека сака Украина да се обврзе дека нема да го користи коридорот за извоз на жито за воени цели, по нападот на нејзината флота на полуостровот на Црното Море Крим и го прекина договорот за извоз на жито од украински пристаништа.

Руските власти во саботата соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, кој е од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, зад кој Москва тврди дека стојат Украина и Велика Британија.

Претходно денеска, Обединетите нации ги доведоа во прашање наведените причини на Москва за суспендирање на договорот за жито со Украина.

– Кога бродовите на Иницијативата (за договорот за жито) не се во областа, коридорот нема посебен статус, изјави координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

– Тоа не обезбедува ниту покритие, ниту заштита за офанзивни или одбранбени воени дејствија. Не може да се користи како штит или засолниште. Ниту е забранета зона, појаснува Грифитс.

Ноќта на наводните напади немаше товарни бродови во коридорот, додаде тој.

Поврзани новости