Зеленски ќе започне „јавна борба“ со земјите кои и помагаат на Русија

by Фокус

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе започне „јавна борба“ со земјите кои и помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.

-За жал, низ светот и на европскиот континент има земји кои помагаат да се заобиколат (антируските) санкции. Мислам дека ќе почнам јавно да се борам против оние кои овозможуваат заобиколување на овие санкции – рече Зеленски на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис во Киев.

Во исто време, Зеленски смета дека е парадоксално што додека некои земји се обидуваат да го зголемат производството на ракети за противвоздушна одбрана за Киев, други всушност и помагаат на Москва.

Поврзани новости