Зеленски: Европа ја остави Украина без противвоздушна одбрана

by vlatko 19:32
19:32

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини европските партнери дека ја оставиле противвоздушната одбрана на неговата земја на цедило, што и овозможило на Русија со балистички ракети тешко да ја оштети енергетската инфраструктура и да ја доведе Украина „на работ на целосен мрак“.

Поради задоцнети уплати од Западот, тврди Зеленски, клучните одбранбени системи „биле неупотребливи“.

Во разговор со новинарите во Киев, украинскиот претседател изјави дека ракетите-пресретнувачи PAC-3 за системите „Патриот“, кои ги ветиле европските партнери, пристигнале со еден ден задоцнување поради пропуштена уплата.

Според неговите зборови, тоа оставило голем број Украинци без струја, греење и вода среде најстудената зима од почетокот на војната.

-Уплатата во рамки на иницијативата PURL не беше извршена. Ракетите не пристигнаа – рече тој, без да наведе која земја е одговорна за пропустот.

Слични вести