1,K
Стара и руинирана куќа во центарот на Битола попладнево се урна и оштети неколку паркирани возила во непосредна близина.
Куќата, која е во приватна сопственост, е лоцирана зад станбен комплекс, чиј простор се користи како паркинг.
Во инцидентот нема повредени, а причинета е само материјална штета.
Екипи на СВР Битола извршија увид на местото на настанот, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.
Како што објави битолскиот портал Алпа, куќата што се урна е во сопственост на познати битолски бизнисмени.