(ВИДЕО) Убиен полицаец во експлозија во град во Шпанија

by irena 14:36
14:36

Еден полицаец е убиен, а друг е повреден во експлозија во градот Овиедо, во северна Шпанија, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во вторник наутро, кога полицајци од специјалната единица со службени кучиња пристигнале за да го проверат сомнителниот ранец.

Според локалните медиуми, полицајците го пронашле ранецот откако дошле на местото на настанот поради друг инцидент.

Шпанската полиција потврди дека загинатиот полицаец бил Хуан Хозе и му оддаде почит со објава на социјалната мрежа X.

Полицијата интервенирала по конфликт меѓу две семејства, при што млада жена била ранета од огнено оружје.

Повредениот полицаец е член на единицата за деактивирање експлозивни направи, а според шпанските медиуми, поради тешките повреди му била ампутирана ногата.

Слични вести