Зеленски до армијата: Одбранете го Бахмут!

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека побарал од неговите воени команданти да „пронајдат сили“ за да го одбранат Бахмут, град во центарот на борбите на истокот на земјата, околу кој руските сили „го стегаат обрачот“.

-Му реков на генералштабот да најде соодветни сили за да им помогне на момците во Бахмут – рече Зеленски на видеото, велејќи дека „ниту еден дел од Украина не може да им се остави“ на Русите.

Борбите се водат околу градот со месеци, а доколку Русија ја преземе контролата, тоа ќе го отвори патот за руските сили кон големите градови Славјанск и Краматорск, со што ќе ги доближи до целосно освојување на регионот Доњецк.

Но, други тврдат дека опкружувањето на тие градови сега е невозможно откако руските сили се истиснати од регионот Харков, и дека вредноста на заземањето на Бахмут би била само симболично зајакнување на моралот за Русите.

Град со околу 70.000 жители пред војната, Бахмут стана, поради повеќемесечните борби, симбол на борбата меѓу Украинците и Русите за контрола на Донбас.

Зеленски одржа средба со воената команда и рече дека „ја изразиле својата поддршка за продолжување на одбранбената операција и натамошно зајакнување на нашите позиции во Бахмут“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Поврзани новости