Зеленски: Четири милиони Украинци се погодени со прекини на струјата по руските напади

by Fokus

Речиси четири милиони луѓе се погодени од прекините на електричната енергија наметнати по неодамнешните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Во многу градови и области на нашата земја воведени се прекини на струја со цел да се стабилизира состојбата, рече украинскиот претседател во своето редовно ноќно обраќање до сонародниците.

„Речиси четири милиони Украинци во моментов се соочуваат со овие ограничувања“, додаде тој.

Украинскиот приватен оператор ДТЕК денеска соопшти дека се планираат невидени рестрикции на електричната енергија во регионот на Киев поради големите штети што му се нанесени на украинскиот енергетски систем во неодамнешните руски удари.

Поврзани новости