411
Во својот најнов Фејсбук статус пратеникот и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, упати остра критика до Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
„Од ФИКУС друго и не може да се очекува.. Членството во НАТО и ЕУ се единствената алтернатива на Македонија, но очигледно ФИКУСОТ продолжува да сонува со отворени очи и свесно работи да го попречува тоа што и самиот знае дека не може да го спречи, членството на Македонија во евроатлантските структури!!!“, напиша Зекири на својот фејсбук профил по изјавата од кабинетот на претседателот дека била избрзана одлуката на македонската Влада за протерување на рускиот дипломат.