Зекири во Советот за реформа на администрација, нови директори на неколку институции

by Фокус

Владата на денешната седница го именува генералниот секретар Мухамед Зеќири во Советот за реформа на јавната администрација на местото на Драги Рашковски.

На истата седница, владата ја прифатила информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор до изборот на директор, а најдолго за шест месеци.

Согласно предлогот на владината комисија за кадровски прашања, Ѓоргиевски е отповикан од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејност и Национални енергетски ресурси „Скопје“.

Пратеникот Дарио Николовски, пак, е отповикан од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје“ и владата заклучила да му препорача на Управниот одбор на оваа институција за вршител на должноста директор да го именува Виктор Велевски.

На негово барање, Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Северна Македонија – Скопје, како претставник од универзитетите.

Владата го разреши Зоран Стојановски, исто на негово барање, од должноста директор на Воспитно поправен дом – Тетово, а за вршител на должност директор го именува Даниел Антовски.

Поврзани новости