Акцијата во Арачиново е поврзана со украдената марихуана од магацин во Јосифово

by fokus

Полициската акција која вечерва се спроведува во скопското село Арачиново е поврзана со марихуаната којашто беше украдена пред неколку дена од магацин во валандовското село, Јосифово, потврдуваат за Фокус високи полициски извори.

Други детали не се откриваат бидејќи акцијата е се уште во тек, но најверојатно двата тони украдена марихуана од Јосифово полицијата ги нашла во Арачиново.

Пред неколку дена непознати лица украле големи количини марихуана од магацинот и ги изнеле со камион.

Магацините биле добро обезбедени, а во нив се чувала марихуана која легално се произведувала, со лиценца и сите неопходни дозволи.

 

Поврзани новости